Папата се сретна со Ангела Меркел

Папата се сретна со Ангела Меркел

На 17 јуни 2017 година Светиот Отец  во Апостолската палата во Ватикан  ја прими во аудиенцијата канцеларката на Сојузна Република Германија, госпоѓа Ангела Меркел, која после тоа се сретна и со кардинал Пиетро Паролин, државниот секретар и монс. Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите.

Во текот на срдечните разговори спомнати се добри односи и плодна соработка помеѓу Светиот Престол и Германија. Разгледани се прашањата од заеднички интерес, а посебно внимание е дадено на следниот состанок на групата земји Г20, во Хамбург и постигнатиот договор за потребата да се посвети посебно внимание за одговорноста на меѓународната заедница во борбара против сиромаштвото и гладот, глобалните закани од тероризмот, како и климатските промени.

Посебен спомен беше резервиран за сојузниот канцелар Хелмут Кол, кој почина вчера, како и на неговата неуморна работа во корист на повторното обединување на Германија и Европа – стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот