Папата се приклучува кон болката на Израел за тројцата убиени млади

Папата Фрањосе приклучува кон „неискажливата болка на семејствата“ на тројцата израелски млади, чии тела беа пронајдени вчера во близина на Ел Халил и остро го осуди тероризмот. „Ужасната и драматичната вест за убиството на тројцата израелски млади длабоко го погоди папата Фрањо – изјави ватиканскиот портпарол отец Федерико Ломбарди. Убиството на невини луѓе секогаш е грозно и неприфатливо дело и претставува сериозна пречка на патот кон мирот, за кој треба неуморно да вложуваме напори и да се моли. Насилството води до друго насилство и го храни смртниот круг на омразата“. Отец Ломбарди потврди дека Папата се моли и за „сите луѓе погодени од последиците на омразата и моли од Бог да поттикне чувство на сочувство и мир“.

НафтаилФренки (16)), ГиладШаар (16) и  ЕјалЈифрач (19)беа киднапиранина12јунинаЗападниот Брегнареката Јордан. Израелзакиднапирањетонамладите ја обвинува организацијатаХамас.Израелскиотпарламентги одложиседниците, а премиерот Бенјамин Нетанјахуја свика владатанавонредна седница, истовремено започна иподготовказаоперации противкиднаперите намладите.

Погребната церемонија на тројцата млади се одржа во вторник 1 јули од 17.00 часот на гробиштата во Модин, населба на околу 30 километри од Тел Авив. Илјадници луѓе учествуваа синоќа на молитвеното бдение на централниот плоштад во Тел Авив заедно со мајките на убиените млади и новоизбраниот претседател Рувен Ривлин, како и досегашниот претседател Шимон Перес, кој при таа прилика изјави: „Израелската нација наведнува глава пред неподносливата болка“.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот