Папата се помоли на гробот на својот претходник

Папата се помоли на гробот на својот претходник

Папата Лав XIV во сабота вечер, 10 мај 2025 година ненадејно ја посети римската базилика Света Марија Велика. Таму се помоли на гробот на својот претходник Фрањо.

Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Папата Лав XIV по враќањето од ненајавена посета на градот Џенацано застана кај базиликата Света Марија Велика. Таму, клекнувајќи пред гробот на Фрањо, се задржа во молитва. Сликите на социјалните мрежи го прикажуваат папата Лав XIV како положува бела роза на гробот на својот претходник.

Папата, исто така, помина кратко време во молитва пред иконата „Salus Populi Romani“. Најпознатата икона на Дева Марија во Вечниот град се чува во капела на базиликата.

Потоа се врати во Ватикан, во својот апартман, кој се наоѓа во зградата на Конгрегацијата за наука на верата, сè додека не завршат работите во Апостолската палата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот