Папата се помоли за покојната вработена во Домот Света Марта
На 27 февруари претпладне, во црвката Свети Стефан Абесински во Ватикан е одржано опелото на Миријам Волд, млада Италијанка со еритрејско потекло, која работеше на рецепцијата во Домот Света Марта. Миријам, која била дијабетичар, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Рим. Пред погребот папата Фрањо ја посети црквата за да се помоли за покојната и да ја искаже својата близина и почит кон вработената во Домот Света Марта – изјави патер Ломбарди.
Светиот Отец се задржа дваесетина минути во молитва и на нејзиниот ковчег положи двананаест бели рози.
к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан