Папата се моли за Корејскиот полуостров и за христијаните во Нигерија

Папата се моли за Корејскиот полуостров и за христијаните во Нигерија

Светиот Отец после молитвата Царице небесна, на 29 април 2018 година го пофали позитивниот исход од Меѓукорејскиот самит кој се одржа во петок, на 27 април 2018 година.

Светиот Отец после молитвата Царице небесна, на 29 април 2018 година го пофали позитивниот исход од Меѓукорејскиот самит кој се одржа во петокот, 27 април, велејќи дека се моли за да не се изневери надежта за иднина на мирот и братското пријателство и за соработката да продолжи да донесува плод за саканиот корејски народ и за целиот свет. Освен тоа поттикна на продолжување на соработката помеѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја, напоменувајќи дека се моли нивната храбра посветеност да доведе до остварување на искрен дијалог за Корејскиот Полуостров без нуклеарно оружје.

Папата потоа го сврте вниманието на Нигерија во која на почетокот на оваа седмица во напад на христијанска заедница во централниот дел на таа земја се убиени 19 луѓе, а меѓу нив и 2 свештеници. Папата Фрањо ги препорача на Божјото милосрдие и напомена дека се моли оние заедници кои тешко се искушувани да пронајдат хармонија и мир.

Свртувајќи го својот поглед кон месецот на Марија – мај Светиот Отец повика сите христијани да му се придружат во молитвата и тоа на посебен начин за мир во Сирија. Најави дека на 1 мај ќе го посети римското светилиште „Божјата љубов“, каде ќе ја предводи молитвата Бројаница за мир во Сирија и во целиот свет.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот