Овде во Ватикан работат многу различни луѓе: свештеници, кардинали, чесни сестри, многу лаици, многу. Денес би сакал да се заблагодарам на еден лаик Ренцо Кестие кој денес заминува во пензија. Започнал овде да работи на 14 години на работа доаѓал со велосипед. Денес е возач на Папата: работел сè. Ве молам за аплауз за Ренцо и за неговата посветеност! Еден од оние кои Црквата со својата работа, со својата добрина и со молитвата ја носи напред. Му благодарам и ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите лаици кои работат со нас во Ватикан, рече Папата во своето обраќање до италијанските верници на Генералната аудиенција.
Ика/к.мк