Папата: Семејството продолжува да биде радосна вест за светот

Папата: Семејството продолжува да биде радосна вест за светот

Семејството втемелено на заедништво на маж и жена кое е отворено за животот во сите негови стадиуми, продолжува да биде радосна вест за светот – стои во пораката на папата Фрањо за 9. Светски ден на семејства, кој ќе се одржи од 21 до 26 август 2018 година во главниот град на Република Ирска, Даблин. Тема на средбата гласи: Еванелие на семејството: Радост за светот“. Во документот кој е објавен на 30 март 2017 година Папата ги повика семејствата подлабоко да го студираат постсинодскиот апостолски поттик Amoris Laetitia.

Светиот Отец писмото го зпаочнува со две прашања: Дали и понатаму Евангелието претставува радост за светот? Продолжува ли семејството да биде радосна вест за современиот свет? Папата смета дека одговорот е потврден и истакна дека тоа „да“ цврсто е втемелено во Божјиот план. Објасни дека Божјата љубов е Неговото „да“ на севкупното создание, во чиј што центар се наоѓа човекот. Станува збор за Божјото „да“ на заедништво помеѓу мажот и жената, за отвореноста кон животот во сите негови стадиуми. Тоа е Божјото „да“ и неговата преданост кон човештвото, кое толку често е рането, злоупотребувано и кое се управува со недостаток на љубов. Според тоа семејството е „да“ на Бог, кој е љубов – напомена папата Фрањо и додаде дека само поаѓајќи од семејната љубов може да се сведочи, шири и обнови Божјата љубов во светот; без љубов не можеме да живееме како деца Божји, како сопружници, родители, браќа.

Светиот Отец ги повика семејствата често да се прашуваат дали живеат од љубов, за љубов и во љубов. Тоа во пракса значи да се даруваш себе си, да простуваш, да не се губи трпението, да се пресретне другиот, меѓусебно почитување. Колку би било подобро за семејниот живот – истакна Папата – кога секојдневно би практикувале три едноставни збора: повели, благодарам и прости. Секој ден поминуваме низ кревкост и слабост и поради тоа на сите нас, семејствата и пастирите, ни е потребна обновена понизност која ќе обликува желба да се формираме, да се образуваме и да нѐ образуваат, да помагаме и да ни се помогне, да придружуваме, да расудуваме и да ги интегрираме сите луѓе со добра волја.

Папата Фрањо порача дека сонува за Црква која излегува, Црква која не се повикува на самата себе, Црква која не е далеку од човечките рани, милосрдна Црква која го навестува милосрдието, кое е срце на Божјата објава, при што Бог е љубов. Истакна дека токму тоа милосрдие нѐ прави нови во љубовта. „Знаеме колку христијански семсјства се место на милосрдие и се негови сведоци“, истакна папата Фрањо и додаде како верува дека средбата во Даблин ќе понуди конкретни знаци.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот