Папата: Семејството е светло во темнината на светот

Папата Фрањо во сабота вечер 3 октомври 2015 година,  на бдение во пресрет на Епископската синода на плоштадот Свети Петар повика на молитва до Светиот Дух да ги поддржи синодските оци во нивното одење.

Секое семејство е светло колку и да е слабо во темнината на светот – нагласи Папата. Предупреди на опасноста од затворање во себе, на бегството од своите одговорности пред мракот и темнината. Бог нè поттикнува да се вратиме во светот и да бидеме сведоци на Неговата љубов кон човекот.

Светиот Отец во проповедта поттикна на молитва за Синодата да покаже дека искуството на бракот и семејството е богато и човечки исполнувачко; да препознае, цени и навестува се она што во тоа искуство е убаво, добро и свето; да ја прифати ситуацијата на ранливоста и тешкотиите: војните, болестите, тагите и ранетите односи од кои произлегува замерки и разделба; тие семејства и сите други ги потсети дека Евангелието е Радосна вест од која секогаш треба одново да појдеме.

Спомнувајќи го Шарл де Фокалд кој набљубувајќи го назаретското семејство ја увидел јаловоста на богатството и моќта; и во својот апостолат станал на сите сè. Него го привлекувал пустински живот и сфатил дека во Божјата љубов не расте избегнувајќи ги човечките односи – рече папата Фрањо.

Љубејќи ги другите, учиме да Го љубиме Бог, а служењето на ближниот нè воздигнува кон Бог. Де Фокалд преку братската близина и солидарноста со најсиромашните и напуштените согледал дека тие се евангелизатори и од нив учиме да растеме во понизноста. За да го сфатиме денешното семејство во тишината на неговиот секојдневен живот, со неговите проблеми и радости, смиреноста среде неволја, почитувањето на другите, понизноста; во животот вкоренети чувствата дека сите сме членови на едно тело – рече Папата.

Семејството е место на евангелската светост која се остварува во секојдневните околности; место на сеќавање на генерациите кои ни даваат корени; место на спознавање каде што учиме да го препознаеме Божјиот план за својот сопствен живот; место на бесплатност, братско присуство кое нè учи да излеземе сами од себе за да помогнеме на другите; за да простиме за да ни се прости – рече Папата.

Синодата повеќе отколку што има да зборува за семејството треба да слуша, да се стави на располагање и да го препознае неговото достоинство и вредност и покрај тешкотиите и проблемите со кои се соочуваме. Ќе го откриеме богаството на Црквата која е мајка и дава живот ги придружува сите со благост и морална сила. Според зборовите на папата Фрањо ако не можеме да го обединиме сочувството со праведноста во опасност сме да станеме непотребно остри и длабоко неправедни.

Црквата може да ја осветлува темнината која ја чувствуваат многу луѓе. Може веродостојно да ги насочи кон целта и да ги следи токму затоа што таа прва искусила што значи без престан да се биде обновуван во милосрдното срце на Отецот – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот