Папата: Своите накани доверете ги на Дева Марија

Папата: Своите накани доверете ги на Дева Марија

Папата во својот пладневен наговор на 16 октомври ги поздрави членовите официјалните државни делегации присутни на Евхаристиското славње и канонизацијата, но и на сите оние кои дојдоа од странство за да бидат присутни на свечениот чин на канонизација на седум нови светци на Католичката црква.

По свеченото Евхаристиско славење и канонизацијата на седум светци, папата Фрањо кратко – во рамките на пладневната молитва Ангел Господов – првите неколку поздравни зборови ги упати до сите кои дојдоа на прославата од различни земји во чест и почит на новопрогласените светци посебно поздравувајќи ги официјалните делегации од Аргентина, Шпанија, Франција, Италија и Мексико.

„Примерот и застапништвото на овие светли светци нека секој од вас го поддржат во неговото работно опкружување и во службата која ја извршува за доброто на Црквата и граѓанското општество. Утре е Светски ден за борба против сиромаштвото. Да ги обединиме своите сили, морални и економски заеднички да се справиме со сиромаштвото кое деградира, навредува и убива многу наши браќа и сестри спроведувајќи во дело сериозна политика во корист на семејството и вработувањето.

На Дева Марија да ѝ ја довериме секоја наша накана посебно својата упорна и искрена молитва за мир.“ По молитвата Светиот Отец на верниците ги благослови.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот