По завршувањето на катехезата за време на Генералната аудиенција во среда на 13 јуни 2018 година, Светиот Отец потсети дека на 14 јуни, во Русија започнува Светското фудбалско првенство. Изрази надеж дека тој спортски настан ќе биде прилика за средба, дијалог и братство помеѓу различните култури и религии, давајќи предност на солидарноста и мирот меѓу народите.
РВ/к.мк