Во пораката која ја објави на својот Твитер профил, на 17 септември 2018 година, папата Фрањо поттикнува на надминување на искушението на мрзеливоста. „Потребен е напор – пишува Папата – за да се прави секогаш добро… Патот на светоста не е за мрзеливи!“
Мрзеливоста е пречка на патот на светоста. Папата Фрањо во пораката која ја објави на 17 септември 2018 година го повтори она што го кажа на 31 јули оваа години на учесниците на XII. меѓународно ходочастие за министранти: „Потребен е напор за да правиме секогаш добро и да станеме свети. Господ Исус ни дал едноставна програма за одењето кон светоста: заповедта на љубовта кон Бог и ближниот. Да настојуваме да бидеме вкоренети во пријателството со Бог.“
Мрзелиоста е облик на духовна слабост
Да се биде мрзелив исто така значи да се разбере добро „патот на служењето“. Во утринското размислување на светата Литургија во домот Света Марта на 11 ноември 2014 година, Папата рече дека мрзеливоста го прави срцето млако, го одделува од служењето и води до конформизам и егоизам. „Многу христијани се такви – рече тогаш Светиот Отец – „добри се одат на света Литургија, но кога треба да служат, се вклучуваат само до одредена мерка.“
Живот исполнет со работа
Исус сака да бидеме трудољубиви, никогаш да не ја загубиме главата, туку со благодарност и восхитеност да го дочекаме секој нов ден кој Господ ни го дарува,“ рече Папата на 11 октомври 2017 година на Генералната аудиенција и продолжи: „Секое утро е чиста страница која христијанинот започнува да ја испишува со добри дела. Христијанинот не е создаден за да се досадува, туку да биде трпелив.“
Да се отвориме за Бог, да не се затвораме во себе
После молитвата „Царице небесна“ на 22 април оваа година, Светиот Отец во наговорот рече дека секој може да ги излекува бројните облици на слабост кои ги има како амбиција, мрзеливоста, горделивост, доколку сопствениот животот го предаде во рацете на воскреснатиот Господ. Во таа прилика папата Фрањо предупреди да не се затвораме во самите себе, туку да се отвориме за Бог. Господ – рече Папата – внимателно го придружува секој од нас, ја познава длабочината нашето срце, познати му се нашите заслуги и нашите падови, нашите остварени планови и нашите пропаднати надежи.
Ватикан њуз/к.мк