Во црквата Свети Игнациј Лојолски во Рим на 24 април 2014 година папата Фрањо служеше благодарна света Литургија за канонизацијата на Хозе де Анчиете, кој беше прогласен за светец на 3 април.
Во проповедта во текот на службата Папата потсети дека де Анчиете било момче кое – како што рече – не студирал теологија, не студирал филозофија, но го почувствувал погледот на Исус Христос, дозволил да го исполни со радост и ја избрал светоста. Тоа била и е неговата светост. Не се плашел од радоста – рече папата Фрањо.
Тој е роден 1534 година на островот Тенерифе, на архиепелагот на Канарските острови, во Шпанија. Во 1551 година Хозе влегува во Дружбата Исусовци и веднаш бара дозвола да оди во мисија. Така во 1553 година заминува за Бразил и повеќе од 40 години ја евангелизира таа земја, разговарајќи со домородниот народ на јазикот тупи, пишувајќи песни и служејќи се со народниот фолклор – од музика до театарски претстави – за да го шири Евангелието. Бил меѓу основачите на градовите Сао Паоло и Рио де Женеиро.
РВ/к.мк