Папата: Света Тереза од Исус учителка на молитвата

Папата испрати порака по повод меѓународната средба во Авила која се одржува на тема: „Света Тереза од Исус учителка на животот“ и изрази надеж дека на католичките универзитети ќе се обликуваат силни пријателства со Бог.

Да се открие во контемплацијата и размислувањата на света Тереза од Исус „учителка на молитвата“, „изворот на вистинското знаење и автентичните вредности“ – стои во пораката на Папата која преку својот државен секретар кардинал Пиетро Паролин ја испрати по повод меѓународниот собир во Авила кој се одржува на тема: „Света Тереза од Исус учителка на животот.“

Пораката на Светиот Отец на почетокот на средбата ќе ја прочита епископот на Авила Хесус Гарсија Бурило. На средбата учествуваат 450 луѓе од 26 земји, а меѓу присутните беше и шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Дијаз. Папата изрази надеж дека по примерот на света Тереза на католичките универзитетите ќе се обликуваат „силни пријателства со Бог кои се многу потребни во тешките времиња“ како што е нашето.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот