На 23 октомври 2017 година, во пресрет на одбележувањето на денот на Обединетите нации, 24 октомври, папата Фрањо го прими во аудиенција надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН и при други меѓународни организации во Женева.
На 24 март 2017 година, се слави Денот на Обединетите нации, и тоа во спомен на денот кога стапи на сила статутот на Организацијата на обединетите нации, 24 октомври 1945 година. На 23 октомври 2017 година, пак во пресрет на одбележувањето на тој ден, папата Фрањо го прими во аудиенција надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН и при други меѓународни организации во Женева.
Надбискупот во разговор за Радио Ватикан, се осврна на средбата со Папата и рече дека тоа не било само средба за охрабрување од Папата, туку и за негово водство. Првите зборови на Папата биле: „Вие сте на првата линија во делувањето на Црквата“ – рече надбискупот и додаде дека Светиот Отец притоа ја истакнал важноста на работата која се извршува во четирите претставништа на Светиот Престол при меѓународните организации: во Њујорк, Женева, Виена и Париз. Активноста на Светиот Престол, на Црквата и на папството е многу важна и во меѓународните тела – истакна надбискупот Јурковиќ.
Претставувајќи му ги на Папата темите со кои најмногу се занимава претставништвото во Женева, надбискупот посебно го истакна делувањето на Црквата за разоружувањето. Многу сме загрижени заради тоа; никогаш немало толку многу вооружување, и никогаш за тоа не е потрешно толку пари како сега – рече надбискупот и напомена дека другата тема се однесува на миграцијата, на појавата која Папата ја нарекува „човечкото лице на глобализацијата.“
Истакнувајќи го значењето на Организацијата на обединетите нации, надбискупот Јурковиќ рече дека е многу важно да се има некое упориште на кое можеш да се потпреш и каде можеш да се среќаваш во тешките моменти како оние со кои се соочуваме сега. Што се однесува пак до улогата на Светиот Престол, надбискупот рече дека, иако понтфикатите во последните децении се многу видливи, монументални, видливоста и чувствителноста на папата Фрањо е уште поголема. Причината за тоа е и стилот на Светиот Отец, неговото директно вклучување во речиси сите болни прашања на човечкиот род. Меѓународните организации тоа многу силно го чувствуваат и се благодарни на Светиот Престол за неговото делување – рече надбискупот Јуркович.
РВ/к.мк
Таг: Денот на Обединетите нации
Клучни зборови: п