Папата ручаше со сиромашните
За време на пасторалната посета на Папата во Фиренца, 10 ноември 2015 година не ги заборави оние кои се на перифериите и најмалите. Во базиликата „Пресвето навестување“, по завршувањето на молитвата Ангел Господов лично се поздрави со болните, а потоа во мензата „Свети Фрањо“ ручаше со сиромашните. Масата беше поставена како за секој ден, а ручокот беше послужен како и обично – во пластични чинии. После оброкот и посетата на надбискупот на Фиренца, Светиот Отец се упати кон стадионт Артемио Франки, каде ја предводеше светата Литургија.
РВ/к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Ватикан