Папата: Реформата на Куријата е средство за посилно сведочење

Папата Фрањо рече дека крајната цел на реформата на Римската Курија е да се усогласат работите помеѓу службите во Ватикан, да се постигне поефикасна соработка и промовирање на колегијалноста.

Реорганизацијата на Куријата не е цел сама за себе, туку средство за силно христијанско сведочење – рече папата Фрањо отваројќи го Конзисториумот во новата синодска сала, на која се расправаше за работата на Комисијата за подготовка на нова Апостолска конституција за Римската Курија. Папата им се заблагодари на кардиналите за работата посебно на кардиналот координатор Оскар Родригез Марадијага и секретарот на Комисијата епископот Марчело Семерар.

„Колку е убаво и пријатно кога браќата живеат заедно“. Со тие зборови Папата го отвори Конзисториумот истакнувајќи го духот на заедништво и колегијалноста и веднаш ги поздрави новите кардинали кои во сабота ќе примат кардиналска капа. Зборувајќи за главната тема на Конзисториумиот Папата потсети дека на Кардиналскиот совет му е понудено резиме за извршената работа за изработка на новата „Апостолска конституција за реформа на куријата“. Во текстот се земени во предвид за многу предлози на преседателите и раководителите на поединечни дикастерии и стручњаци.“

Целта која се сака да се постигне е да се поттикне поголема согласност во работата на разните дикастерии и канцеларии за да се оствари ефикасна соработка со апсолутна јасност која ја зацврстува вистинската синодалност и колегијалност. Реформата не е цел самата за себе, туку е средство за силно христијанско сведочење; за промовирање на ефективна евангелизација, плоден екуменски дух за промовирање на стимулирачки дијалог со сите.

Зборувајќи за работата на Комисиите, Папата рече дека е потребно време како и соработка на сите. Реформата која ја посакаа поголем дел од кардиналите во текот на општите конгрегации пред конклавите – потсети Папата – треба уште повеќе да се усовршува идентитетот на самата Римска Курија. Тој идентитет се изразува „во помагање на Петровиот наследник во извршувањето на неговите пасторални служби за добро и служење на целокупната Црква.

Со тоа служење се зајакнува единството на верата и заедништвото на народот со Бог, а се промовира посланието на Црквата во светот. Да се постигне таа цел навистина не е лесно: потребно е време, одлучност и соработка на сите. За тоа да го оствариме мора во прв ред да се довериме на Светиот Дух Кој е вистински водач на Црквата, молејќи за дарот на вистинско расудување. Со тој дух на соработка започнува нашата средба која ќе биде плодна благодарение на придонесот кој секој од нас може да го покаже во потполна слобода, во верноста на Научителството и свесен дека сето тоа придонесува за врховниот закон односно спасението на душите – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот