Ова е важно екуменско патување, помогнете ми неговата смисла да ја направам разбирлива – рече Светиот Отец поздравувајќи околу седумдесет новинари кои беа со него во авионот со кој полета на 31 октомври 2016 година од Рим за Малме, Шведска.
„Добар ден на сите ви благодарам за друштвото и за вашата работа. Ова патување е важно патување затоа што е еклезијално, многу еклезијално на подрачјето на екуменизмот. Вашата работа може да придонесе за разбирање на оваа патување за луѓето добро да го сфатат. Многу ви благодарам!“ – Папата со тие зборови ги поздрави новинарите кои го придружуваат на неговото дводневно патување во Шведска по повод лутеранско-католичката комеморација за 500 годишнина од реформацијата.
Според својот обичај папата Фрањо поединечно ги поздрави сите новинари кои го придружуваат на неговото сега веќе 17 меѓународно патување и со секој размени по неколку зборови. На забелешка на новинарот од телевизиската куќа TV2000 дека има нова фризура, Папата одговори: „Да… Капата ми е широка“. Папата во разговор сепак најмногу се задржа со шведските новинари.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк