Папата Фрањо во среда 20 мај направи нов чекор во реорганизација на Управата за добра при Светиот Престол (АПСА), одредувајќи Центарот за обработка на податоци повеќе да не биде во надлежност на АПСА.
Папата се одлучи на ова со цел поефикасна организација на економските и финансиските податоци на Светиот Престол. Досегашниот модел и постапки сега поинтензивно ќе се дигитализираат за да се овозможи ефикасен надзор. Центарот за обработка на податоци од сега ќе биде во надлежност на Секретаријатот за економија, а преодниот период ќе го надгледува раководителот на Секретаријатот, Исусовецот о. Хуан Антонио Герот.
Уште во 2018 година папата Фрањо истакна дека во АПСА има потреба од промена на менталитетот кој ќе овозможи поголема транспарентност. Кратко после тоа за претседател на Управата за добра на Светиот Престол го именува италијанскиот бискуп Нунциј Џалантино.