Папата пристигна во Филипини

Папата Фрањо утрово, четврток 15 јануари 2015 година ја напушти Шри Ланка и отпатува за Филипини, втората дестинација од Апостолското патување во Азија. Папата во Манила пристигна во 10.45 по средноевропско време.

Таа ќе биде четврта посета на папа на Филипините: првиот беше Павле VI пред 45 години, по што Филипините ги посети Иван Павле II два пати: во 1981 и 1995 година. Ова патување на папата Фрањо како и она на папата Павле VI во далечната 1970 година се случува недолго по тајфунот кој земјата ја опустоши во декември минатата година.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот