Папата пристигна во Мјанмар

Папата пристигна во Мјанмар

Нешто пред 8.00 часот според македонско време (13.22 часот локално време), папата Фрањо пристигна на меѓународниот аеродром Јангон во Мјанмар. Со тоа започна неговата 21. меѓународна апостолска посета, која ja започнува во Бангладеш.

Во авионот папата Фрањо беше поздравен од апостолскиот нунциј во земјата, монс. Пол Чанг Ин -Нам, и одговорниот за протоколот. Откако се симна од авионот, папата Фрањо официјално беше пречекан од претседателот на државата Тхин Чжо. На аеродромот беа присутни и епископите на Мјанмар, и околу стотина деца и претставници од различни етнички групи, облечени во традиционални носии. После пречекот, Папата се упати кон архиепископијата на Јагон, каде што ќе престојува за време на својот престој во земјата. Таму папата служеше света Литургија.

Од авионот Светиот Отец испрати телеграма до властите на земјите над кои леташе папскиот авион.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот