Папата прими на аудиенција вработени во Светата Столица

На 10 јануари во одвоени аудиенции Папата ги прими вработените во Светата Столица џентилуомине (gentiluomine) и седијари, заедно со нивните семејства. На сите нив Светиот Отец им се заблагодари за нивното служење на Црквата и Светата Столица, и ги поттикна да продолжат со својата работа, не валкајќи го со било какво световно однесување.

Благодарност и служење – се зборови кои ги обележаа двете аудиенции. Првите кои ги спроведуваат гостите на Светата Столица, Светиот Отец потсети со каков дух треба да ја извршуваат својата служба. Како што кажува вашето име џентилуомине односно љубезен човек, и во таа смила се потребни даровите љубезност и срдечност, кои служат за да се чувствуваат гостите убаво. Тие човечки карактеристики имаат свои корени во животот кој е вдахант со вера и кој ја сведочи евангелската  доследност. А при тоа да не се извалка со некои световни однесување – напомена Папата.

При крај сме со божиќното време и сите сме поттикнати од убавината на Бог, кој во Витлеемската пештера стана Дете – рече Светиот Отец и поттикна: тоа воодушевување треба да остане секогаш во нас. А не само за Божиќ. Да бидеме внимателни и да молиме внатрешната светлина да не се растури, и во својот секојдневен живот, семеен и работен, да можеме да ја носиме радоста на верата која се искажува преку љубовта, добротворноста и нежноста.

Говорејќи на папските седијари, папата Фрањо исто така истакна дека тоа таинство на Исусовото раѓање нѐ повикува во својот живот да сведочиме со понизност, едноставност и дух на служење, на кој нѐ научи Господ. Ако на работата се гледа со таков внатрешен став, тогаш тој може да стане апостолат, и така да се пренесува радоста поради тоа што сме христијани. Сепак тоа е возможно само доколку одржуваме жив разговор со Господ – истакна папата Фрањо.

Минатите месеци ги запознав идеалите кои ја вдахнуваат вашата работа. Љубов кон Црквата, срдечност во прифаќањето, стрпливост, смиреност и кроткост – забележа Светиот Отец – тоа дава убав спомен за оние кои доаѓаат во Апостолската палата за да се се сретнат со Петровиот наследник. За сето тоа ви се заблагодарувам од срце. Се чувстувам ваш должник. Ви благодарам и за нежноста со која ги примате децата и ги донесувате на јавните аудиенции, рече Папата на крајот.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот