Папата прими меѓурелигиска група од Ирак

Папата прими меѓурелигиска група од Ирак

На 29 март 2017 година пред Генералната аудиенција папата Фрањо ги прими претставниците на делегацијата на Ирачкиот надзорен одбор и Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.

„Вашата посета претставува вистинско братско богатство и затоа претставува пат кон мирот меѓу сите луѓе, мир во срцето, во семејствата, во вашата земја, како и во светот,“ им рече Светиот Отец. Додаваме дека ирачкиот совет го сочинуваат шиити, сунити, христијани, Јазиди и Мандејци и се дел од Постојаниот одбор за меѓурелигиски дијалог.

Папата рече дека тој израз на дијалог и солидарност е добредојден. „Сите сме браќа, а каде е братството, таму е и мирот. Сите сме ние синови Божји,“ истакна Светиот Отец и потоа ги повтори зборови од поздравниот говор кој до групата ги упати кардинал Жан-Луј Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог: „Имаме заеднички татко на земјата – Авраам,“ рече Папата. „И од тоа првото Авраамово „оди во, ние се собираме овде денес.

„Сите сме ние браќа, и како браќа истовремено сме и исти и поинакви како прстите на рацете: имаме пет прсти; сите пет се прсти, но повторно сите се различни. Му благодарам на Бог, Господ што ни помогна сите да се сретнеме овде,“ рече Папата и на крајот на присутните повика благослов од Семоќниот Бог.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот