Папата Фрањо во недела 28 февруари 2021 година ги повика верниците да постат од озборувања и клеветење за време на Великиот пост и еднаш дневно да читаат дел од Евангелието
„На сите им посакувам добар од во ова време на пост и препорачувам пост во кој не се гладува: постете од озборувања и клеветење. Ова е посебен вид пост. Во овој пост нема да ги озборувам другите, нема да нагодувам за други … И тоа е нешто што сите можеме да го направиме. Токму ова е убав пост!“, рече Светиот Отец во обраќањето до верниците по молитвата Ангел Господов“.
Тој исто така спомена дека би било корисно за верниците во ова време секој ден да читаат дел од Евангелието. Уште еднаш ги повика да носат мало Евангелие во џебот или торбата и да прочитаат од него кога ќе имаат можност да го сторат тоа. „Тоа помага да се отвори срцето за Господа“, рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк