Папата препорача „духовна медицина“

За време на попладневната молитва Ангел Господов во недела 17 ноември папата Фрањо на присутните верници и поклоници им подели мали кутии со Бројаница, наречени Мисерикордии. Се работи за „духовна медицина“ која папата Фрањо на крајот од Година на верата ја препорача на сите верници. Се работи за еден вид Бројница со 59 мали и големи зрна, кои се молат слично како и Бројаницата.

Папата Фрањо се одлучи да ја подржи инцијативата, поттикната во Полска од страна на архиепископот Конрад Крајевски. Во својот говор Папата во шега им се обрати на присутните, велејќи дека некои можеби ќе се помислат: Папата станал аптекар.

Волонтери на излезите од плоштадот Свети Петар ги делеа мисерикордиите, спакувани во аптекарски паковки. Во упатството напишано на четири јазици, италијански, англиски, шпански и полски, е опишан начинот за користење на молитвата.

Дозволено е „лекот“ да се зема еднаш дневно, доколку има потреба и почесто. Лекарството е наменето како за возрасни, така и за деца. До сега не се познати негативни последици од користењето на „лекарството“, а може да се користи заедно со други молитви. За ризици и нескани последици ве молиме прашајте го вашиот свештеник или чесна сестра“, стои на кутијата од пакувањето.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот