Папата: Преку Светиот Дух стануваме вистински христијани

Светиот Дух ја движи Црквата, но е непознат за многумина христијани, ако не е и „луксузензатвореник“ – предупреди Светиот Отец во проповедта на светата Литургија во капелата на домот Света Марта на 9 мај 2016 година..

Папата истакна дека преку Светиот Дух сме вистински, а не виртуелни христијани, а ги поттикна верниците да овоможат Духот да ги води на патот на слободата.

„Ние не сме ниту шнале дека постои Дух Свети“ така зборувале некои ученици вели Посланието до Ефесјаните, потсети папата Фрањо зборувајќи за Светиот Дух во христијанскиот живот. И денес се случува тоа што им се случило на тие ученици иако верувале во Исус, не знаеле кој е Светиот Дух – рече Папата.

Духот ја води Црквата и нè поттикнува да сведочиме за Исуса

Многумина велат дека од катехизмот научиле дека Светиот Дух е во Пресветата Троица, повеќе од тоа за Светиот Дух не знаат ништо затоа се прашуваат што Тој прави. Светиот Дух ја движи Црквата, делува во Црквата, во нашите срца; негова заслуга е христијаните да се разликуваат од другите луѓе, Тој обединува сè. Тој нè води напред, ја отвора вратата и поттикнува да го сведочиме Исус. Слушнавме на почетокот на Мисата: Ќе примите Дух Свети и ќе ми бидете сведоци во целиот свет. Светиот Дух нè поттикнува да го фалиме Бог, да молиме, Тој во нас моли, нè учи да го викаме Бог: „Оче“. Тој нè избавува од бедата во која сака да нè одведе световниот дух – рече Папата додавајќи:

Духот е протагонист на живата Црква, делува во Црквата. Опасно е „ако тоа не го живееме, ако не сме на висината на посланието на Светиот Дух, кога верата ја сведуваме на морал, на етика. Не треба да запираме само на покорувањето на Божјите заповеди и ништо повеќе од тоа односно казуистика и студен морал – истакна папата Фрањо.

Не треба Светиот Дух да го претвараме во „луксузен затвореник“

Христијанскиот живот не е етика, туку средба со Исус Христос, а Светиот Дух ни ја овозможува таа средба. Во својот живот, во своето срце Светиот Дух го држиме како „луксузен затвореник“ не овозмужувајќи му да нè води, да нè движи. Тој прави сè, нè потсетува на Исусовите зборови, ни ги објаснува Исусовите работи. Светиот Дух создава доблесни христијани, а не виртуелни „салонски христијани“. Тој прави вистински христијани, тој го зема животот како што е, со пророштвото за распознавање на знаците на времето нè води напред. Тој е третото лице на Пресветата Троица – рече Папата.

Делувањето на Светиот Дух во нашиот живот

Би било добро ова недела да размислуваме за тоа како Светиот Дух делува во нашиот живот, да се запрашаме дали нè научил на патот на слободата. Ме поттикнува ли да излезам од себе, се плашам ли? Како се однесувам кон храброста која ми дава да излезам и да го сведочам Исус? Потоа ги поднесувам ли трпеливо искушенијата? Светиот Дух дава и трпеливост – рече Папата додавајќи:

Да размислуваме во оваа недела како подготовка за празникот Духови, верувам ли навистина во Светиот Дух? Се обидувам ли со Него да разговарам: „Знам дека си во моето срце, дека си во срцето на Црквата, дека Ти ја водиш Црквата, дека нè обединуваш во нашата различност“… Да молиме да ни ја даде милоста на послушноста. Оваа недела да мислиме на Светиот Дух и да разговараме со Него – поттикна Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот