После долгата обиколка на плоштадот „Боливар“ во центарот на Богота, каде што го очекуваат повеќе од 20.000 млади, и церемонијата за доделувањето на клучевите на колумбиската престолнина, папата Фрањо ја посети катедралата на градот посветена на Безгрешното зачнување.
По пристигнувањето Папата беше пречекан од архиепископот на Богота, кардинал Рубен Салазар Гомез, и од капитулот на катедралата.
Откако се поклони пред моштите на света Елизабета Унгарска, Папата застана во тивка молитва пред иконата на Дева Марија на Бројаницата во Чикинкира, покровителка на Колумбија, преместена специјално за посетата на Папата од истоименото светилиште во главниот град Богота.
За Дева Марија, папата остави подарок една златна Бројаница , која ја стави пред иконата.
Светиот Отец се потпиша во Златната книга на катедралата и напиша порака која гласи: „Од ова катедрала – мајка се молам до Дева Марија да не престанам да се грижам за своите колумбиски деца и секогаш да гледа над нив со милосрдни очи.“
На крајот од својата посета на катедралата, Папата се поздрави со организацискиот комитет за својата петта апостолска посета на Америка и застана во кратка молитва пред Дарохранителницата.
РВ/к.мк