Папата пред Ангел Господов: Секое дете кое се крштева е чудо и празник за Божјото Семејство

На празникот Крштение Господово папата Фрањо во својот говор пред молитвата Ангел Господов потсеи дека претпладнето во базиликата Свети Петар крсти 32 деца, при што истакна дека секое дете кое се крштева е едно чудо и празник за Божјото Семејство.

Драги браќа и сестри! Денес е празникот Крштение Господово. Утрово крстив 32 новородени деца. Јас сакам да крштевам деца; многу ми е мило да ги крстам. Заедно со вас му благодарам на Господ за овие созданија и за секој нов живот. Секое дете кое се раѓа е дар на радост и надеж; и секое дете кое се крштева е едно чудо и празник за Божјото Семејство – рече Светиот Отец на собраните верници, од прозорот на Апостолската палата, пред молитва Ангел Господов на 12 јануари.

Денешното Евангелие зборува – продолжи Папата – како над Исус Му се отворија небесата, откако прими крштение од Иван на Јордан (Матеј 3,16). Тоа е исполнување на пророштвата. Постои повик во литургијата во адвентско време: „Небеса отвори се и слези!“. Ако небесата остане затворена, нашиот видик во овој земски живот е замрачен, без надеж. Со прославата на Божиќ, верата уште еднаш ни даде сигурност дека небесата е отворена со Исусовото доаѓање.

И на денот на Христовото крштение уште еднаш ја гледаме небесата отворена. Појавувањето на Синот Божји на земјата означува почеток на голем период на милосрдие, откако гревот го затвори небото, подигнувајќи се така како пречка помеѓу човечкото создание и неговиот Создател. Со Исусовото раѓање небесата се отвора! Бог во Христос ни гарантира неуништливост на љубовта. Од кога Словото стана Тело, можно е небесата да ја видеме отворена. Тоа било можно за витлеемските пастири, мудреците од Исток, Крстителот, Исусовите апостоли, првомаченикот свети Стефан кој воскликнал: „Еве ги гледам небесата отворени…“ (Дела 7,56). Можно е секој од нас ако дозволиме да ја освоиме Божјата љубов, што ни се дава за прв пат на крштението, по Светиот Дух. Да дозволиме Божјата љубов да нѐ преплави! Ова е големо време на милосрдие! Не заборавајте – повтори Папата – ова е големо време на милосрдие.

Кога Исус прими покајничко крштение од Иван Крстител, солидаризирајќи се така со покајниот народ, Нему кој е без грев и без потреба за преобраќање, Бог Отец му дава да го слушне Неговиот глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“ (Матеј 3,17). Исус прима одобрување и потврда од небесниот Отец, кој го испрати всушност да ја прифати нашата човечка условеност и сиромаштво. Соучесништвото со некој во нешто е вистински начин на љубов. Исус не се одвојува од нас, туку нѐ смета за браќа и со нас учествува (во нашето „да биде човек“) – рече Светиот Отец. И така нас заедно со Себе, нѐ прави синови на небесниот Отец. Тоа е откровение и извор на вистинска љубов. И тоа е големо време на милосрдие – истакна Светиот Отец.

Зар вам не ви се чини дека денес е потребно братски и сестрински да делиш со другите и дека е потребна љубов? Нели ви се чини дека на сите ни е потребна љубов? – праша Папата – Но не онаа која се задоволува со привремена помош, која не го зафаќа човекот; во која не учествува, туку онаа љубов која е одговорна за неудобноста и страдањето на братот. О каков вкус добива животот кога дозволуваме да нѐ преплави Божјата љубов! Да ја замолиме Светата Девица да нѐ подржи со своето застапништво во нашата задача да го наследуваме Христос на патот на верата и љубовта; на патот на вткаен со нашето крштение – нагласи Папата.

По молитвата Ангел Господов Светиот Отец срдечно ги поздрави присутните верници, посебно родителите кои ги крстија своите деца и оние кои се подготвуваат за крштение на своето дете и се заблагодари заедно со нив на Господ и нека крштението на нивните деца на самите нив да им биде поттик за повторно откривање на убавината на верата како и на нов начин за враќање на Светите тајни и заедници (парохии).

Светиот Отец на крајот ги објави имињата на 16 нови кардинали кој ќе именува и ќе се придружат на постоечкиот Кардиналски колегиум.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот