Папата предупреди на опасноста од комуникација со сатаната

Папата предупреди на опасноста од комуникација со сатаната

Во емисијата „Padre Nostro – Оче наш“ која се емитува на италијанската телевизија Тв2000, а ја води дон Марко Поца – теолог и затворски капелан, емитувана на 13 декември разговараше со папата Фрањо за последниот молитвен повик од молитвата Оче наш – „туку избави нѐ од лукавиот“. Притоа ги предупреди верниците да не воспоставуваат било какви контакти со ѓаволот, кој што е зло.

Верниците не би требало да разговараат со ѓаволот, бидејќи е попаметен од нас – рече Светиот Отец во интервјуто. Ѓаволот е конкретно зло, а не некоја апстрактна реалност – истакна Папата и предупреди: Ако започнеш да разговараш со ѓаволот, тогаш си загубен. Тој те опфаќа, те извртува.

За папата Фрањо ѓаволот има име и презиме и влегува во нашиот дом. Тој секогаш глуми пристојност кон нас, кон нашите свештеници, епископи, тој е пристоен, влегува, но завршува лошо ако не го забележиш на време – предупреди Папата.

Потсетуваме дека минатата седмица Светиот Отец го коментираше молитвениот повик: „и не воведи нѐ во искушение“. Во таа прилика напомена дека се работи за не многу точен превод, истакнувајќи дека Французите го замениле текстот со превод кој значи: „не дозволувај да паднам во искушение“. Јас паѓам, тој не ме фрла во искушение, и тогаш да види дека сум паднат, бидејќи Отецот не искушува, туку помага веднаш да станеме – истакна папата Фрањо и заврши: Во искушение нѐ воведува Сатаната, тоа е неговиот занает.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот