Папата: Живејте го Евангелието за да бидете со Христос и со слабите луѓе

Папата: Живејте го Евангелието за да бидете со Христос и со слабите луѓе

На 26 септември папата Фрањо прими во аудиенција 400 членови на Заедницата Емануел кој во 1980 година е основана од група луѓе придружувани од исусовецот отец Марио Марафиоти.

Главниот пат е оној кој нѐ води за да бидеме со Христос и со браќата во тешкотиите, а притоа да не дозволиме да ни ја украдат радоста, надежта, храброста на дарувањето на себе, држејќи се заедно и не ранувајќи се едни со други, фрлајќи ги повторно мрежите по разочарувањето и неуспесите, продолжувајќи да работите и покрај маката и уморот, останувајќи верни на изворниот дух на звањето и посланието – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенција 400 членови на Заедницата Емануел која во 1980 година го основаа групи луѓе придружена од исусовецот Марио Марафиоти.

Откако ја отвори првата куќа за луѓе во неповолна положба денес заедницата згрижува скоро 500 луѓе и посебно внимание посветува на малолетниците, адолесцентите и младите и е организирана во 6 подрачја на делување: семејство, инвалидетет, зависности, соработка и социјални претпријатија, миграција и југот на светот и ѓаконијата. Ви се заблагодарувам за скоро 40 години делувањето кои се обележани со прифаќање, придружување и работа – рече Папата. (…)

Започнавте со гестот на прифаќање – рече Светиот Отец и истакна: Така секогаш се случува во каритативните дела на Црквата. Господ чука на вратата во ликот на слабите кои живеат во сиромаштво, напуштеност или ропството. Отворивте, одговоривте и понатаму одговарате. Најтешката работа е да се истрае и да се оди понатаму. Од тие крикови се развија различни подрачја на делување кои сите се всушност места и моменти на прифаќање. Бог е Тој Кој со својот Свет Дух ги вдахнува одлуките и дава сила за да се остварат, давајќи љубов за служење на браќата воодушевено и бесплатно.

Сведоци сте дека секоја работа доаѓа од Бог и е Негов дар. Тоа ви помага да бидете благодарни и радосни свесни дека делото не ваше, туку Божјо. Сакам да ве утврдам на тој главен пат кој ве води да бидете со Христос и со браќата во тешкотиите. Тоа е клучот и патот на кој укажува и самото име на вашата заедница, Емануел Бог Кој е Љубов, Кој е Бог со нас ни го покажува тој пат, не како некаква идеја или уште полошо идеологија, туку како Исусов живот. Он е Бог со нас Кој ја покажува љубовта на Отецот, делејќи ја со нас до крај нашата човечка судбина – заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот