Папата: Празникот е најголем дар за човечкото семејство

Светиот Отец на генералната аудиенција на 12 август во салата Павле VI започна размислувања за трите важни факти кои го одредуваат одењето во семејниот живот, а тоа се одморот, работата и молитвата. На денешната катехеза зборуваше за одморот, односно за славењето на празниците.

Да кажеме веднаш дека Бог го основал одморот. Да се сетиме на библискиот опис на создавањето од книгата Битие, кој го слушнавме: „И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. (2, 2-3). Бог нè учи колку е важно да посветиме време на размислување и уживање по добро извршената работа. Зборувам за работа во поширока смисла, а не само во смисла на занимање и професија: за секоја активност на која ние мажите и жените можеме да соработуваме во Божјото дело на создавање – истакна Светиот Отец.

Одморот не е мрзеливост во некоја фотелја или пиење на некоја глупава забава… не, одморот во прв ред е пријатен и благодарен осврт на добро направената работа, одморот е славење на работата. И вие драги млади брачни парови, добро славете го времето минато во свршувачка: тоа е прекрасно! Одморот е време за гледање на децата и внуците кои растат; убаво е за тоа да се размислува! Тоа е време за гледање на своите куќи, пријателите, заедницата која нè опкружува, добро е за тоа да размислуваме. Бог така направил кога го создавал светот, а не престанува тоа да го прави затоа што сè уште создава исто така и во овој момент – рече папата Фрањо.

Може да се случи некој празник да се падне во тешки или болни околности или да се слави со „коска во грлото“. И во таквите околности од Бог да бараме сила тој празник да не го изгуби своето значење. Вие мајки и татковци многу добро знаете колку пати од љубов кон децата сте проголтале и горчливи залаци само тие да уживаат, да ја вкусат убавината на животот. Тоа е доказ на голема љубов – рече Папата, додавајќи:

Во работната средина понекогаш знаеме – не запоставувајќи ги должностите – „да вбризгаме“ некоја трошка веселба: роденден, женидба, раѓање, разделба или ново доаѓање… и тоа е важно. Важно е славењето. бидејќи тоа се моменти на радост во организацијата на производството. Тоа е добро – рече папата Фрањо.

Вистинскиот одмор ја прекинува професионалната работа; одморот е свет бидејќи на мажот и жената ги потсетува дека се создадени според Божјата слика, Кој не робуваат на работата, туку е Господ, затоа ниту ние не смееме со задоволство да робуваме, туку треба да бидеме „господари“. Затоа постои и заповедта која се однесува на сите, никого не заобиколува. Напротив, знаеме дека милиони мажи и жени дури и деца се робови на работата. И денес има робови, да ги има. Се злоупотреуваат, робови се на работата, а тоа е против Бог и против достоинството на човечката личност – истакна папата Фрањо.

Алчноста и техничкиот напредок штетат на текот на човечкиот живот, бидејќи животот има свои промени. Време за одмор, посебно неделен, ни е даден да можеме да уживаме во неминливите вредности, вечните кои не можат да се купат. Напротив, гледаме дека идеологијата на профитот и потрошувачката сакаат да го „изедат“ одморот, дури и одморот понекогаш се претвора во „работа“, станува можност за заработување и трошење на пари. Зарем за тоа работиме? – праша Светиот Отец додавајќи:

Неумерената потрошувачка, со расипаноста е гаден вирус заради кој сме на крајот поуморни отколку порано. Штети на вистинската работа, а го уништува животот. Неуредното славење на празниците често предизвикува жртви, посебно меѓу младите. Времето за одмор е свето затоа што Бог го исполнува на посебен начин. Во неделедната Литургија ги славите сите милости на Исус Христос: неговото присуство, љубовта, жртвата, заедништвото со Него и меѓусебно, неговото присуство меѓу нас. Така секоја реалност ја стекнува својата полна смисла: работата, семејството, радоста и секојдневните напори, трпењето и смртта. Милоста Христова преобразува сè – рече Светиот Отец.

Семејството има извонредна моќ да ја сфати, насочи и поддржи вистинската вредност на одморот. Убави се семејните прослави, прекрасни! Посебно семејната недела. Славењата во кои учествува целото семејство се најуспешни и најубави. Семејниот живот гледано со очите на верата изгледа подобар од сите животни напори.

Ни изгледа ремек-дело на едноставноста, прекрасно е бидејќи не е вештачки, не е фиктивен туку ги овоплотува сите аспекти на вистинскиот живот. Ни се претставува како „многу добра работа“ како кажа Бог кога ги создаде мажот и жената (Битие 1, 31). Празникот е скапоцен Божји дар за човечкото семејство, да не го упропастиме – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот