На крајот од редовната Генерална аудиенција, која се одржа во среда, на 12 април 2023 година, на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Светиот Отец потсети на енцикликата за мирот на папата Иван XXIII. објавена пред 60 години среде тензиите од Студената војна и во исто време апелира за мир
Зрак светлина среде темни облаци. Зрак на ведрина беше Pacem in Terris, енцикликата за мир, која папата Иван XXIII, на крајот од неговиот понтификат, ја објави на 11 април 1963 година; темни облаци беа политичките и воените конфликти на двете главни победнички сили од Втората светска војна кои го држеа светот во неизвесност поради ризикот од нуклеарна закана. Папата Фрањо на крајот од Генералната аудиенција потсети на важноста на документот на папата Ронкали:
Вчера се навршија 60. години од енцикликата Pacem in Terris од Свети Иван XXIII. упатено до Црквата и светот во услови на тензија меѓу два спротивставени блока во т.н Студена војна. Папата отвори широк хоризонт за сите во кој може да се зборува за мир и да се изгради мир, тој Божји план за светот и неговото човечко семејство.
„Многу навремена“ порака
За папата Фрањо, таа енциклика беше вистински благослов, како зрак светлина среде темни облаци. Нејзината порака е многу актуелна, истакна Папата, цитирајќи го целиот пасус, бр. 62 од енцикликата: Меѓудржавните односи мора да се уредуваат – не поинаку од односите меѓу поединците – според здравиот разум, односно според вистината, правдата и активна солидарност, а не со вооружена сила.
Повик до лидерите на народите
Папата ги повикува верниците, мажи и жени со добра волја, да ја читаат Pacem in Terris. Се молам лидерите на народите да дозволат да ги вдахновува во нивните планови и одлуки.
Молитви за напатената Украина
Желбата изразена од Папата во светло на бројните и крвави конфликти кои им се закануваат на петте континенти, почнувајќи од тој каде се наоѓа Украина. За украинскиот народ, папата Фрањо уште еднаш повика, како и секогаш во своите јавни апели од почетокот на војната, на молитва и да не се заборава Украина. Да истраеме да молиме за маченичката Украина. Да молиме за напатената Украина.
„Потребно ни е милосрдието на Отецот“
Денес, кога светот сѐ повеќе е искушуван од војни и се оддалечува од Бога, уште повеќе ни е потребно милосрдието на Отецот.
Милордието, повтори Папата во поздравот на италијански јазик, никогаш не му недостига на Бога: Господ никогаш не престанува да биде милосрден, ние мислиме на Божјото милосрдие, кое секогаш нè прифаќа, секогаш нè следи. Никогаш не нѐ остава сами.
Ватикан њуз/к.мк