Папата: Постот е време на борба против злото
Пред молитвата Ангел Господ на 22 февруари папата Фрањо уште еднаш препорача редовно читање на Евангелието за да знаеме да се спротивставиме на искушувачот. Исто така најави поделба на брошура „Чувај го срцето“ со поуки за верата.
Постот е време на духовна борба против духот на злото, а денешниот евангелски дел за спротивставувањето на Исус на искушенијата на сатаната во пустината ни овозможува правилно гледање на минувањето низ пустината во постот, со поглед насочен кон Воскресението – конечната победа на Исус над злото, гревот и смртта. Тоа е значењето на Првата недела на постот: цврсто да се одлучиш за Исусовиот пат кој води во живот – порача Светиот Отец пред денешната молитва Ангел Господов.
Тој пат – продолжи Папата – води низ пустина, местото каде што може да се слушне Божјиот глас, но и гласот на искушувачот. Тоа не може да се слушне во метежот и конфузијата, се слушаат само површни гласови. Меѓутоа, во пустината можеме да слегнеме во длабочината, каде што се одлучува за нашата судбина: за животот или смртта – рече папата Фрањо.
Божјот глас го слушаме во Неговото Слово. Заради тоа е важно да го познаваме Светото Писмо, бидејќи нема да знаеме да се спротивставиме на замките на злото. Затоа Папата уште еднаш препорача редовно читање на Евангелието. Пустината на постот ни помага да кажеме не на световностите и идолите; ни помага да избираме храбро и во согласност со Евангелието и ја оживува нашата солидарност кон браќата – додаде Светиот Отец.
Во пустината влегуваме без страв, бидејќи не сме сами, туку сме со Исус, со Отецот и со Духот Свети. Како и Исус, на патот на постот нè води Светиот Дух, Кој сме го примиле на крштението – рече Папата и Блажена Дева Марија ја препорача за пример на послушност на Духот, Кој сака да нè направи нови созданија. Духовните вежби на кои што отиде денес попладне Светиот Отец со членовите на Римската Курија ги довери на Богородица Светиот Отец и ги замоли верницте да ги следат со нивните молитви.
По молитвата Ангел Господв и поздравот на поклониците, Папата најави дека волонтерите – многу од нив се бездомници – ќе поделат на собраните на плоштадот брошура „Чувај го срцето“ која содржи поуки за важните елементи на верата, како светите Тајни, даровите на Светиот Дух итн. Светиот Отец препорача на верниците да ја носат со себе и да ја читат брошурата, како помош во обраќањето кое започнува од срцето, а каде што – според неговите зборови – во игра се духовните избори помеѓу доброто и злото, световноста и Евангелието; рамнодушноста и меѓусебните несогласувања.
Како што и самиот најави од вечерва до петок 27 февруари Светиот Отец со Римската Курија ќе бидат на духовни вежби, во домот на Безгрешниот Учител во Аричи недалеку од Рим. Духовните вежби ќе ги води кармелиќанецот Бруно Секондин, а темата носи наслов „Служители и пророци на живиот Бог.“ Во ова време дека редовните