Папата: Понизното срце дава милост повторно да се стане

На тврдото срце кое избира да се отвори за „покорноста“ на Господовиот Дух, Бог секогаш дава милост и „достоинство“ повторно да стане, ако е потребно и преку понижувањето – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 15 април во домот Света Марта

Да бидеш ревен за светите работи не значи да имаш срце отворено за Бог, а како пример за тоа тврдење Папата го наведе Савле од Тарс – човек кој бил ревен во верноста на начелата на својата вера, но кој имал „затворено срце“ и бил потполно глув за Христос, уште повеќе се согласувал со истребувањето на неговите следбеници до таа мерка што бил овластен христијаните од Дамаск врзани да ги одведе во Ерусалим.

Понижување кое го топи срцето

Патот на Павле станува приказна за човек кој дозволил Бог да му го промени срцето – рече ветиот Отец. Савле на патот го осветлува силна светлина, слуша глас кој го повикува, паѓа на земјата и ослепува. „Силниот и сигурен Савле се нашол на земјата.“ Во таа состојба – истакнува – ја сфаќа вистината за себе, дека не е човек според Божјата волја затоа што Бог сите нè создаде за да бидеме на нозе, со крената глава. Но, гласот од небесата не кажал само: „Зошто ме гониш?“ туку и го повикува Павле да се подигне на нозе.

„Стани и ќе ти се каже.“ Уште треба да научиш. А кога почнал да станува станал свесен дека е слеп. „И дозволил да го водат“: срцето започнало да му се отвора. Така водејќи го за рака, луѓето кои биле со него го одведоа во Дамаск и три дена бил без вид и не земал ниту храна, ниту питие Тој бил на земјата, но веднаш сфатил дека треба да го прифати тоа понижување. Патот преку кој срцето се отвора е токму понижувањето. Кога Господ ни испраќа понижување или дозволува да тоа да нè снајде, тоа е затоа што: за срцето да се отвори, да биде покорно за да се обрати срцето кон Господ Исус – објасни папата Фрањо.

Протагонист е Светиот Дух

Срцето на свети Павле се растопило. Во тие денови на осаменост и слепило се променило неговото внатрешно гледање. Бог тогаш му го испраќа Ананиј кој на него му ги полага рацете и му се враќа видот. Еден аспект на оваа динамика – рече Папата – треба посебно да се има на ум:

Да се сетиме протагонисти на оваа приказна не се ниту книжниците, ниту Стефан, ниту Филип, ниту Евнух, ниту Савле… туку Светиот Дух. Протагонист на Црквата е Светиот Дух кој го води својот народ кон Бог. На Павле од очите му паднале лушпи и повторно му се вратил видот. Станал и се крстил. Тврдоста на срцето на Павле се претвора во послушност на Светиот Дух – рече папата Фарњо.

Достоинството на повторнотостанување

Убаво е да се види како Господ може да ги променува срцата и да направи од едно тврдо и тврдоглаво срце да стане покорно на Светиот Дух. Сите ние – рече Папата – имаме тврди срца: сите. Ако некој меѓу вас нема, ве молам нека подигне рака. Сите. Да го молиме Господ да ни даде да ја воочиме тврдоста која нè фрла на земјата. Нека ни испрати милост – ако е потребно – на понижување за да не останеме на земјата, туку да станеме со достоинството со кои Бог нè создал, а тоа е милоста на срце кое е отворено и послушно на Светиот Дух.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот