Папата: Поддршка и солидарност за Калдејската црква

Светиот Отец на 26 октомври ги прими во аудиенција членовите на Синодата на Калдејската црква, искажувајќи им ја при тоа на верниците и на сите жители како што се изрази на „саканите земји Ирак и Сирија“ својата христијанската солидарност и утеха.

Нека Божјото милосрдие ги ублажи воените рани на вашите заедници за да не се обесхрабри никој во овој момент кога изгледа дека бучавата на насилството ги надминува молитвите за мир – порача папата Фрањо на калдејските католици на чело со патријархот Луј Сако.

Истакнувајќи дека на Ирак и Сирија им се заканува фанатичната омраза на тероризмот што го доведува во прашање и христијанското присуство во тие земји каде што првите Цркви биле основани на крвта на бројни маченици. Наместо мирен соживот со нашите браќа муслимани – рече Папата – нашето време е обележано со многу примери на прогони и мачеништво.

Затоа денес од било кога Светиот Отец ја потврди поддршката и солидарноста на Апостолскиот престол со целата Калдејска црква молејќи христијаните да не бидат присилени да го напуштаат Ирак и Блискиот Исток. Исто така ја повика меѓународната заедница да усвои соодветна стратегија за промовирање на мирот. Нека толку саканиот мир заблеска на хоризонтите на историјата, жалните драми на насилството да отстапат место на атмосферата на мирниот соживот – посака Папата.

Учесниците на калдејскиот Синод ги поттикна пред очите да го имаат Добриот Пастир кој сака спасение на сите овци и на посебен начин се грижи за изгубената. Бидете и вие такви: ревни во барањето за спасение на душите како свештениците така и лаиците, знаејќи дека извршувањето на заедништвото понекогаш бара вистинска кеноза (поништување), снижување и изземање на самиот себе – потсети папата Фрањо.

Пастирите на Калдејската црква на крајот ги замоли на верниците да им ги пренесат неговите зборови на охрабрување, како – како што рече – да одекнат на нивните усти како прегратка на Папата која ќе ги загрее срцата на верниците.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот