Папата подарува мотор Харли Дејвидсон

За обнова на Каритас центарот за бездомници, кој се наоѓа во близина на римската железничка станица Термини, Папата ќе донира мотор Харли Дејвидсон, кој ќе биде продаден на аукција, јавуваат италијанските медиуми, пренесувајќи ги зборовите на управителот на Каритас центарот за бездомници Енрико Ферочи.

Раритениот мотор вреди околу 20.000 евра, а му беше поклонет на Папата од љубителите на мотори Харли Дејвидсон за време на Генералната аудиенција во јуни на плоштадот Свети Петар во Рим.

Италијанските медиуми јавија дека папата Фрањо дарувал и финансиска помош на старица од Мергере, која била ограбена.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот