Папата повторно поттикнува на грижа за старите луѓе

Папата повторно поттикнува на грижа за старите луѓе

Родители на Дева Марија, дедо и баба на Исус е двојната улога на свети Јоаким и Ана. На нивниот празник, на 26 јули по пат на Твитер, Папата повторно ја истакна важната улога на дедовците и бабите и поттикна на грижа за старите луѓе.

На празникот на светите Јоаким и Ана, папата Фрањо преку својот профил на Твитер потсети дека бабите и дедовците се богатството во семејството. Ве молам грижете се за бабите и дедовците – поттикнува Папата – сакајте ги и дадете им да разговараат со децата!

Свети Јоаким и Ана даваат силно сведоштво и повик на размислување за ликот на родителите и за дедовците и бабите денес, во оваа несигурно време во кое се потребни потпирачи. Тоа го истакна и Бенедикт XVI во 2012 година кога рече дека квалитетот на општеството односно цивилизацијата, се проценува и според тоа како тоа се однесува кон старите луѓе, како и според местото кое им е доделено во заедничкиот живот.

Како стебло кое сѐ уште донесува плодови

И папата Фрањо повеќе пати со многу внимание и почит своите мисли ги свртува кон луѓето кои живеат во перидот од животот кој целосно не е лесен, но сѐ уште е богат. Во говорот до старите луѓе на средбата посветена ним, на 28 септември 2014 година, ги опишува како дрвја кои и понатаму донесуваат плод. Иако под товарот на годините, можат да го дадат својот посебен придонес заради општество побогато со вредности и за потврдување на културата на животот – рече тогаш папата Фрањо.

Да се сузбие културата на отфрлање

Од една страна изгледа дека ритамот и барањата на денешното општество брзаат без кочници во насока на културата на отфрлање, која ги отстранува оние кои не се во состојба да бидат продуктивни, од друга страна папата Фрањо дава да се слушне неговиот глас во корист на најслабите, децата и бабите и дедовците, како што што рече на пример по повод апостолската посета на Питрелчина по повод 100 годишнината од стигмите на падре Пио и 50 годишнината од неговата смрт. Нека не недостасува грижливото внимание и нежноста кон старите луѓе кои се наспоредливо наследство на нашите заедници. (…) Би сакал Нобеловата награда еднаш да се додели на старите луѓе кои се сеќaвање на човештвото – истакна папата Фрањо.

Молитвата на старите луѓе – дар за Црквата

Оние кои се растресени, премногу зафатени и кои немаат време, папата Фрањо повеќе пати потсетува дека молитвата на старите луѓе, и на бабите и дедовците е дар за Црквата, вистинско богатство! Тие се голема доза на мудрост за целото човечко општество; најмногу за тоа кое е премногу зафатено, премногу обземено од сѐ, премногу растресено – истакна Папата и додаде – некој треба и за нив да пее за Божјите знаци, да ги навестува Божјите знаци, да се моли за нив.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот