Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов повика на мир во Никарагва.
Папата се придружи на епископите од Никарагва во изразувањето тага заради тешкото насилство кое доведе до ранување и смрт на луѓето, а кои го сторија вооружените сили за да ги загушат протестите. Се молам за жртвите и членовите на нивните семејства – рече Папата и продолжи: Црквата е секогаш за дијалогот, но тоа бара ефикасен ангажман за да се почитува слободата и пред сѐ животот. Молам да престане секое насилство и што побргу да се создадат услови за дијалог.
Потсетуваме дека во Никарагва во април ова година започнаа протести откако претседателот Даниел Ортега одлучи да го реформира пензискиот систем. Набрзо се откажа од тој потег, но потоа протестите се свртеа против неговата влада. Од почетокот на протестите во таа латино-американска земја загинаа најмалку 110 луѓе. Напорите на никарагвиските епископи да поттикнат национален дијалог засега беа неуспешни.
РВ/к.мк