Папата Фрањо во среда, 9 февруари за време на Генералната аудиенција во среда упати апел по повод Светскиот ден на болните кој се одбележува на 11 февруари.
Задутре, 11 февруари, се одбележува Светскиот ден на болните. Би сакал да ги спомнам нашите драги болни со желба на сите да им се обезбеди здравствена заштита и духовна придружба. Да молиме за тие нашите браќа и сестри, за нивните семејства, за здравствените работници како и за сите оние кои се грижат за нив, рече Папата во својот апел по редовната Геенрална аудиенција во среда.
Ватикан њуз/к.мк