Папата повика на молитва за Блискиот Исток и Северна Африка

Папата Фрањо ја повика меѓународната заедница да изнајде „мирни решенија за тешката ситуација во Либија”. Апелот беше упатен кон крајот на Генералната аудиенција во средата, 18 февруари, која се одржа на плоштадот Свети Петар на која присуствуваа повече од 10 илјади поклоници.

„Да се молиме за нашите браќа од Египет, убиени пред три дена во Либија само затоа што се христијани – повика Папата. Нека Господ ги прими во својот дом и ги утеши нивните семејства и заедници. Да се молиме и за Блискиот Исток и Северна Африка, споменувајќи ги сите починати, повредени и бегалци. Меѓународната заедница нека изнајде мирно решение за тешката ситуација во Либија”.

На крајот Папата упати братски поздрав до католичките епископи од Украина, кои оваа недела ја започнуваат својата посета “Ад лимина” во Ватикан: “Драги браќа и сестри, знам дека меѓу многуте молитвени намери со кои доаѓате на гробовите на апостолите е и молитвата за мир во Украина. Истата желба ја носам длабоко во срцето и се придружувам на вашата молитва, за да може во вашата земја што поскоро да настапи долготраен мир”.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот