После молитвата Царице небесна во недела 26 април 2020 година од Апостолската библиотека, папата Фрањо се осврна на вчерашниот Ден на борбата против маларијата. Потсетувајќи дека се близи месец мај, кој е посветен на Блажена Девица Марија, Светиот Отец ги повика сите верници да молат Света Бројаница.
Вчера беше Светски ден за борба против маларијата, кој е прогласен од Обединетите нации – рече папата Фрањо после молитвата Царице небесна и истакна: Додека се бориме против пандемијата со коронавирусот, исто така мораме да продолжиме со напорите како би ја спречиле и лекувале маларијата, која во многу земји се заканува на милијарди луѓе. Близок сум со сите болни и оние кои се лекуваат, како и на сите оние кои работат како секоја личност би имала пристап до квалитетни основни здараствени услуги.
Исто така ги поздравувам сите оние кои во Полска учествуваат во „Националното читање на Светото Писмо“. За неколку дена ќе започне месец мај, кој во светот е посебно посветен на Блажена Девица Марија. Со краткото писмо кое вчера е објавено ги повиквам сите верници во тој месец да молат Света Бројаница заедно со уште две молитви кои ги дадов да бидат достапни. Нашата Мајка ќе ни помогне со повеќе вера и надеж да се соочиме со времето на искушение низ кое поминуваме – истакна Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк