Кратка посета на Папата во болницата Гемели за клинички прегледи

Кратка посета на Папата во болницата Гемели за клинички прегледи

Папата Фрањо престојуваше во болницата Гемели во вторник на 6 јуни и се врати во Ватикан истиот ден пред пладне

Папата се врати во болницата Гемели, но овој пат за преглед. Ова го соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, одговарајќи на новинарски прашања и информирајќи дека папата Фрањо во вторникот наутро, 6 јуни 2023 година отишол во Поликлиниката Гемели за да направи некои клинички тестови и пред пладне се вратил во Ватикан.

Хоспитализација во март

На 29 март оваа година Светиот Отец беше хоспитализиран поради инфективен бронхитис во истата болница и беше отпуштен по три дена, на 1 април.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот