Папата: Отец Пио е жива прегратка на Божјото милосрдие
Светот има потреба од Божјото милосрдие – она милосрдие, на кое му служеше свети Пио од Пиетралчина и затоа стана „жива прегратка на Отецот“. Тоа го истакна папата Фрањо пред десетиците илјади луѓе – членови на молитвените групи на отец Пио, пристигнати во Рим за аудиенцијата со Папата
Светиот Отец, претходно со папамобилот, помина меѓу 80 илјади верници, пред да пристигне на просторот пред катедралата. Папата посочи дека отец Пио помогнал да се открие и искуси „убавината на простувањето“, „наука која треба да ја проучуваме секојдневно“:
„Можеме да кажеме со сигурност дека отец Пио беше службеник на милосрдието, без одмор, извршувајќи ја, понекогаш до исцрпеност, мисијата да слуша. Тој стана, преку учењето на исповедта, жива прегратка на Отецот, која ги лекува раните на гревот и го утешува срцето, давајќи му мир. Свети Пио никогаш не се измори да ги прифаќа луѓето и да ги сослушува, да одвои време и сили, за да го шири мирисот на Божјето простување.
Папата Фрањо потсети дека отец Пио добиваше сила за доживување на тоа свое посебно учење од премногу заситениот внатрешен живот, заразен до таков степен што ги создаде оние „молитвени групи“ кои сакаше да ги нарекува „воспитувалишта на вера“, „огништа на љубовта“. Според Папата „молитвата е сила која го управува светот“:
„Но молитвата не е само добра практика, кога сакаме само да му дадеме одмор на срцето; ниту е побожно средство за да го добиеме од Бог она што ни треба. Ако е така, тогаш таа е предизвикана од чист егоизам. Но јас се молам, за да сум добро, сеедно, што земам аспирин: не, не треба да е така. Јас се молам за да добијам, не е тоа правење на зделка. Не треба да е така. Молитвата е нешто друго. Таа е милосрдно, духовно дело, кое сака да однесе сѐ до Божјото срце“.
Папата Фрањо ја истакна силата на молитвата, која е „клуч кој го отвора Божјото срце“, кое сепак се отвора лесно, бидејќи „Божјото срце не е блиндирано со бројните системи за безбедност“, бидејќи е „семејно срце“. Папата повика:
„… Нека молитвените групи бидат „централи на милосрдието“: централи, кои секогаш се отворени и работат, кои со смирената моќ на молитвата, можат да ја испорачат Божјата светлина во светот и енергијата на љубовта – на Црквата … Бидете секогаш радосни апостоли на молитвата! Молитвата прави чуда … “.
РВ/В.Н.