Папата: Општеството е праведно само ако ги признава правата на најслабите

Папата: Општеството е праведно само ако ги признава правата на најслабите

Само ако се признаваат правата на најслабите може да се каже дека општеството е засновано на право и праведност – истакна Папата, заблагодарувајќи се на таа заедницата Каподарко за нејзиното скапоцено заземање за најслабите луѓе.

Во декември 2016 година, заедницата Каподарко славеше 50 години. Токму по тој повод на годишнина, папата Фрањо, во сабота на 25 февруари 2017 година, во Ватикан прими во аудиенција околу 2600 нејзини членови, со кои беа и Франко Монтерубијанеси, основач на заедницата и дон Виничо Албанези, сегашен претседател. Само ако се признаваат правата на најслабите може да се каже дека општеството е засновано на право и праведност – истакна Папата, заблагодарувајќи се на таа заедница за нејзиното скапоцено заземање за најслабите луѓе.

Одлучивте да бидете на страната на тие најмалку заштитени луѓе и да им пружите прифаќање, поддршка и надеж, и сето тоа исполнето со сочувство. На тој начин придонесовте и уште придонесувате за подобро општество – рече Папата и на членовите на Ззедницата Каподарко им се заблагодари за доброто кое го направиле во текот на сите тие години служејќи им на луѓето со инвалидитет, малолетниците, зависниците, на оние кои се во неволја, како и на нивните семејства. Светиот Отец им се заблагодари исто така за сведоштвото кое му го даваат на општеството, помагајќи му да го откријат достоинството на сите луѓе, започнувајќи од последните.

Квалитетот на животот во некое општество имено – според зборовите на Папата – во голем дел се мери според способностите за вклучување на најслабите луѓе. И на луѓето со инвалидитет, како и на слабите луѓе, треба да им се помогне да ги остварат своите можности. Кога општеството би дало простор само на луѓето кои се делотворни, потполно самостојни и независни, не би било општество достојно за човекот – истакна Папата и додаде: Дискриминацијата врз основа на ефикасноста не е помалку за осуда од онаа која се појавува врз основа на расата или приходот или религијата.

Папата Фрањо потоа го истакна пристапот на заедницата кон оние кои чувствуваат – како што кажа – дека животот ги совладал. Станува збор за пристап кој го надминува пиетистичкото однесување и едноставно пружење помош, и ја поддржува главната улога на човекот. Продолжете по тој пат, на кој во прв план е посебното и директното делувањето на самите луѓе со инвалидитет – поттикна Светиот Отец.

Не е лесно да се работи на подрачјето на личните и општествените тешкотии. За тоа е потребна храброст и дух на жртвување – рече Папата и го истакна придонесот на луѓето со инвалидитет кој можат да го дадат на црковната заедница, поддржувајќи едноставни и братски односи. Прифаќајќи ги сите тие „мали“ со ментални или телесни тешкотии, или со општествени рани, во нив препознаватае посебни сведоци на Божјото присуство, од кое имаме многу да научиме, и кои и во Црквата имаат привлегирано место – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот