На Генералната аудиенција во среда 27 април 2022 година, папата Фрањо ја повтори својата надеж дека оружјето конечно ќе замолчи; во ова тешко време човештвото е жедно за братство.
Постои сојуз повикан да гради мостови на мирот за да се запре военото уништувањето. Тоа е дијалог меѓу постарите и младите, кој може да ја повторно да ја придвижи иднината. Ова го истакна папата Фрањо по катехезата, поздравувајќи ги поклониците од француското говороно подрачје.
Во ова тешко време во кое човештвото е жедно за мир и братство, итно е потребно сојузот меѓу постарите и младите да биде плоден и секој во својата состојба на живот, да биде сведок и посредник на Божјиот благослов меѓу народи – рече Папата.
Нека замолчи оружјето
Покрај сојузот на млади и стари, за крај на војната потребно е исто така и владетелите да го слушнат и да го прифатат крикот за мир. На ова потсети Папата поздравувајќи ги верниците на португалски јазик.
Драги поклоници од португалско говорно подрачје, ве молам истрајте во постојана молитва за мир. Оружјето нека замоличи, за оние кои имаат моќ да ја запрат војната, да го слушнат плачот за мир на целото човештво!
Пред осум години е канонизиран Иван Павле II
Поздравот до полските поклоници беше одбележан со посебна годишнина и спомен на свети Иван Павле II.
Денес, на осмата годишнина од канонизацијата на свети Иван Павле II, се молиме преку неговото застапништво да бидеме верни сведоци на Христос и неговата милосрдна љубов во светот, во семејството и на работното место.
„Простете ми што седам“
На крајот од Генералната аудиенција, папата Фрањо повторно ги спомена физичките со на ногата кои го погодуваат во последно време. Простете што ве поздравувам седејќи, бидејќи тоа колено никако не заздравува и не можам да стојам долго. Простете ми за тоа – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк