Папата: Од нас се бара храброст…

Папата: Од нас се бара храброст…

На 23 октомври 2016 година Папата говореше за посланието на Црквата која својот модел го има во животот на свети Павле. Тој нѐ почува дека е потребно да се бориме; од нас се очекува храброст за да се бориме затоа што Господ и милоста на неговиот Дух даваат делувањето да биде плодно.

За време на пладневната молитва Ангел Господов, папата Фрањо говореше за мисионерското делување на свети Павле, потпирајќи се на текстот од Посланието на свети Павле до Тимотеј (2 Тим 4, 6-6. 16-18). Свети Павле насетувајќи го својот свршеток, го гледа својот живот и делување како човек целосно посветен на своето мисионерско делување. Го опишува во три фази; преку сегашноста, минатото и иднината – рече на почетокот на својот говор Светиот Отец.

Сегашноста ја толку служејќи се со метафората за жртвата: „Зашто јас веќе станувам жртва, а времето на моето одење настапи.“ За опис на минатото се служи со сликите за „добра борба“ и „трка“, како човек доследен на сопственото заземање и одговорноста согласно на тоа во иднината да се довери на Бог кој е праведен судија. Сепак Посланието на свети Павле било плодно затоа што Господ го поддржува со својата сила и го прави навестител на Евангелието на сите кои го слушат – објасни Светиот Отец.

Папата укажа на тоа дека во опишувањето на свети Павле на сопствената биографија се наѕира и самата Црква посебно денес на Светскиот ден на мисиите, чија тема е „Мисионерска црква, сведок на милосрдието.“ Свети Павле е модел за христијанска заедница, со уверување дека Господ е Тој Кој апостолскиот напор и делување ги прави плодни. Од една страна – смета Папата – искуството на свети Павле ни говори дека треба да се бориме и трудиме со пожртвуван дух како сѐ да зависи од нас, а од друга страна дека вистинскиот успех на нашите напори и посланието е дар на милост: Духот Свети е Оној Кој посланието на Црквата го прави плодно.

Светиот Отец нагласи дека ова време е време на храброст за да се зацврстат несигурните чекори; да се обнови волјата за да се истрошиме за Евангелието; за повторно земање на сила која посланието го носи со себе. Па ниту да се има храброст не е гаранција за успех – рече Папата – од нас се бара храброст заради упорна борба, а не заради постигнување на успех; да бидеме поинакви во светот, но без полемики или агресија – рече Папата. Се бара храброст да се отвориме за сите без опаѓање на апсолутноста и единството со Христос, единствениот Спасител на светот. Се бара од нас храброст за да се спротивставиме на неверата, а да не станеме арогантни.

Потоа Папата повика помош од Марија, модел за „Црквата во излегување“ и подучени со Светиот Дух – со силата на Крштението – сите да бидеме мисионери и навестители на пораката за спасение на целото човечко семејство.

По молитвата Ангел Господов и благословот, Папата упати апел велејќи дека на посебен начин моли за градот Мосул. „Страшните злосторства кои веќе премногу долго се прават против невиното население – без разлика дали муслимани, христијани или припадници на други народности и религии“ – ме погодуваат длабоко.“ Силно ме погоди кога дознав дека многу синови и ќерки од таа сакана земја се ладнокрвно убиени, а меѓу нив голем е бројот на деца. Таква суровост во нас предизвикува солзи и нѐ остава без зборови“, рече Папата.

Папата Фрањо меѓу останатото порача дека ќе моли за тоа Ирак, и покрај тоа што е тешко погоден, да остане цврст во надежта за да влезе во иднината со целосна сигурност, помирување и мир и на крајот сите ги замоли да му се придружат во молитвата, во тишина. На крајот папата Фрањо од собраните се прости на својот вообичаен начин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот