Светиот Отец за време на предсилнодалната средба која се одржа на 19 март 2018 година одговори на пет прашања на младите.
Светиот Отец за време на предсилнодалната средба која се одржа на 19 март 2018 година одговори на пет прашања на младите: на девојка од Нигерија која е жртва на присилна проституција, на младиот правник од Франција кој е атеист, учителка од Аргентина од организацијата „Scholas Occurrentes“, од украински богослов и млада монахиња од Кина која студира во Рим.
Младата Нигеријка го опиша своето драматично искуство на присилна проституција која целосно го погазило нејзиното достоинство и благодарение на заедницата на чесни сестри доживеала воскресение. Праша како да им помогне на младите луѓе да станат свесни дека присилната проституција е злосторство против човештвото? Напомена дека бројни се клиентите католици. Папата остро ја осуди присилната проституција, нарекувајќи ја злосторство против човештвото кое произлегува од болниот менталитет на искористувањето на жената. Станува збор за еден облик на современо ропство и предупреди дека клиентите, оние кои одат кај проститутките прават злосторство, тие се злосторници. Светиот Отец исто така побара прошка за сите оние католици кои го прават тоа злосторство и ги повика младите да се борат против тоа зло, да се борат за достоинството на жената.
Второто прашање го постави млад правник од Франција кој го опиша своето искуство на трагање за смислата, зборувајќи за чувството на празнина во својата внатрешност. Папата Фрањо му рече дека е добро што дозволува тоа прашање да излезе на светлината на денот и дека е важно во животот да има храброст да зборува отворено. Свесен е дека не може да разговара со сите за сè, туку потребно е да пронајде некој кој е мудар, без разлика дали таа личност ќе е млада или стара, со кој ќе може да разговара, кој нема да се исплаши, и кој ќе нè сослуша. Папата рече дека треба да ги дозволи сопствените прашања и чувства, напоменувајќи дека патот на расудувањето трае цел живот.
Одговарајќи пак на прашање на учителката од Аргентина за современите образовни концепти, Светиот Отец нагласи дека не е доволно само да се пренесува знаење, туку и способноста за чудење. Рече дека децата треба да се подучуваат со три јазици: јазикот на главата, односно да научат да мислат, јазикот на срцето или исправното чувствување, јазикот на рацете или изработувањето или изградувањето. И не само тоа, потребно е да се усогласат тие јазици: да мислиме како чувствуваме и да делуваме како што мислиме и чувствуваме. Исто така зборуваше за предизвикот на виртуелниот свет кој има свои опасности, а наше е да се научиме да се користиме со нив и да не бидеме нивни робови.
Четвртото прашање на Папата го постави младиот богослов од Украина кој го интересираше како душогрижникот треба да реагира на сложеноста на денешната култура. Папата Фрањо во тој контекст одговори дека свештеникот треба најпрво да внимава да биде дел од конкретната заедница затоа што само така навистина ќе биде Христов сведок. Освен тоа предупреди на опасноста на озборувањето која е еден вид на тероризам, како и на клерикализмот – кој е тешка болест.
На крајот младата монахиња од Кина го праша Светиот Отец како да реагира на фактот што поедини култури не му даваат место на Бог. Папата рече дека за свештениците и монасите и монахињите не е доволна само духовната обука во заедништвото, предупредувајќи притоа на опасноста луѓето кој ќе се одлучат за духовно звање претерано да ги чуваме од светот, затоа што тоа би значело речиси да ги кастрираме. Претерано да не ги штитиме – рече на крајот папата Фрањо, истакнувајќи дека ова што го зборува за свештениците и монасите и монахињите важи и за лаиците.
РВ/к.мк