Папата обредот миење нозе го направи на азиланти

Иако сме различни, ние сме браќа и сакаме да живееме во мир – истакна Папата на предводејќи ја света Литургија на Вечерата Господова на Велики Четврток со барателите на азил.

Светиот Отец светата Литургија ја славеше во прифатниот центар за баратели на азил во областа Кастелнуово ди Порто во Рим. Во хомилијата која ја зборуваше „од срце“ истакна два геста нагласувајќи дека тие зборуваат повеќе од зборовите.

Исус кој служи мие нози, тој Кој бил глава на сè, Тој ги мие нозете на своите ученици, на најмалите – го издвои како прв гест Папата изразувајќи ја големината на Исусовото служење.

Вториот гест е оној кој го прави Јуда, рече. Тој оди кај Исусовите непријатели кај оние кои не сакаат да бидат во мир со Исус и зема пари во замена за предавството на Исус.

Овој факт што ние овде сме заедно муслимани, католици, евангелисти овде сме како браќа и тоа е гест кој преставува дека сме деца на истиот Бог и сакаме да живееме во мир колку и да не има – рече Папата.

Присетувајќи се на терористички напад кој пред три дена беше извршен во Брисел, Папата порача дека го направиле луѓе кои не сакаат да живеат во мир.

Зад тој гест како и зад гестот на Јуда стои друг. Ниту Јуда не бил сам зад него стоеле некои кои му предале пари за да го убијат Исус, а зад овој гест на нападот се трговците се оружје и насилство кои сакаат крв и војна – истакна Светиот Отец.

Нагласи уште еднаш дека тие собрани во прифатилиштето изразуваат гест на братство. Иако се со различна култура и јазик деца се на ист Отец.

Јас ќе го направам гестот кој го направил Исус ќе ги измијам нозете на некои од вас. Ние заедно така го изразуваме гестот на братство. Различни сме но сме браќа и сакаме да живееме во мир – истакна Папата.

Папата рече дека секој во тоа заедништво зад себе има некоја лична историја, често историја на крстови и болка, но и срце кое сака братство.

Секој на својот верски јазик нека го моли Господ ова заедништво во светот да се зацврсти за да не го уништат оние 30 сребреници, секогаш да има заедништво и добрина, така нека биде – заврши Папата.

Папата на единаесетмина баратели на азил им ги изми нозете токму како што направи и Исус на своите ученици на Последната вечера. Светиот Отец обредот миење нозе го изврши на 11 мигранти и еден волонтер. Четворица од нив се католици од Нигерија, три жени коптки од Еритреја, тројца муслимани, и еден хинду од Индија. На крајот на светата Литургија се сретна со секој од собраните со намера да им покаже колку е „убаво заедно да живееме како браќа макар и различни во религијата и нацијата.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот