Папата: Нормите од Пастор бонус и понатаму се во сила
Папата Фрањо на 27 октомври испрати писмо до кардинал Пиетро Паролин ватиканскиот државен секретар во кое што одговара на некои проблеми кои произлегоа во текот на реформата на Римската Курија.
Папата Фрањо на 27 октомври 2015 година испрати писмо до кардинал Пиетро Паролин ватиканскиот државен секретар во кое што одговара на некои проблеми кои произлегоа во текот на реформата на Римската Курија. Пред сè истакнува дека сегашниот преоден период не значи vacatio legis, односно период во кој прогласениот закон сèуште не стапил во сила. Заради тоа – стои во писмото на Папата – потврдувам дека и понатаму е во целосна сила Апостолската конституција Pastor bonus нејзините дополнувања и Општата уредба на Римската Курија.
Бидејќи придржувањето до заедничките норми е неопходно за редовната работа на Римската курија и институциите поврзани со Светиот Престол како и за да се загарантира праведен – вклучувајќи и економски – однос кон сите соработници, одредувам – пишува Папата – дека треба цврсто да се почитува она што е одредено во спомнатите и во другите документи кои се однесуваат на Светиот Престол и државата Ватикан.
Папата Фрањо затоа во писмото го замолува кардиналот Паролин тоа да го даде до знаење на одговорните на дикастериите и телата на Римската курија како и со нив поврзаните институции, особено нагласувајќи ги – како што е напишано – аспектите кои бараат поголемо внимание и бараат да се бдее над нивното спроведување.
РВ/к.мк.