Папата: Никогаш не се карајте пред децата

Папата: Никогаш не се карајте пред децата

Свесен сум дека без вашето работење, работата на Црквата не би била добра – рече папата Фрањо во Ватикан, на 21 декември 2017 година, честитајќи го Божиќ и заблагодарувајќи им се на верниците лаци, на вработените во Светиот Престол.

Свесен сум дека без вашето работење, работата на Црквата не би била добра – рече папата Фрањо во Ватикан, честитајќи го Божиќ и заблагодарувајќи им се на верниците лаци, на вработените во Светиот Престол и нагласи – многу од тоа не би можело да се направи за проповедањето на Евангелието, за да се помогне на многу луѓе, на болните, на училиштата, за многу работи…

Во своето обраќање до вработените во Ватикан, Папата истакна: Првиот збор кој сакам да ви го кажам е „работа“, но не за да ви кажам „работете повеќе“, туку за да ви кажам „благодарам.“ Потоа ја изрази својата желба сите вработени да добијат соодветна работа, никој да не остане без работа, работата на определено време да не трае долго и повеќе да нема привремено вработени.

Работата е вашиот пат до светоста, среќата и напредокот – рече Светиот Отец. Денес најголемо зло е да немаш работа. Има многу луѓе кои немаат работа, а работата го дава достоинството. Многу е лошо кога компаниите во името на преструктуирањето и заради заштеда, отпуштаат илјадници работници затоа што се губи достоинството, треба да се заработи и на семејството да му се донесе леб, а не да му го донесеш од Каритас.

Вториот збор кој сакам да ви го кажам е „семејство“ – истакна папата Фрањо и продолжи: Кога ќе слушнам дека некој од вашето семејство е во криза, дека децата страдаат затоа што гледат дека семејството е во проблеми и јас страдам. Знам дека не е лесно, затоа што тие се лични проблеми, психолошки, брачни – рече Папата и нагласи дека од ватиканската администрација бара да се спасуваат семејствата, да се чуваат семејствата. Ако има разведени да им се помогне за децата помалку да страдаат. Ви давам совет – рече Светиот Отец – никогаш не се карајте пред децата.

Третиот збор кој ми доаѓа на ум е „озборувањето“ – рече папата Фрањо и додаде: Озборувачот е терорист затоа што го прави тоа што и терористот, ја фрла бомбата и заминува, бомбата експлодира и ранува многу луѓе. Немојте да вршите тероризам со озборувањето и гласините. Совладувајте го својот јазик.

И четвртиот збор е „простувањето“. Не даваме секогаш добар пример – нагласи Папата и рече: Има во животот грешки кои ги правиме ние клериците, гревови, неправди, понекогаш лошо се однесуваме кон луѓето, нервозни сме и неправедни. Молам за прошка за сите тие лоши примери.

И последниот збор е „честитка“ – рече Светиот Отец и го заврши своето обраќање до вработните во Ватикан: Среќен Божиќ, во срцето, во семејството и во совеста. Не се плашете ниту вие да молите за прошка. Божиќ е добра прилика да го добието мирот во својата внатрешност.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот