„Да не заборавиме да се молиме за измачената Украина.“ Папата повторно упати апел до верниците на крајот од Генералната аудиенција
На крајот од Генералната аудиенција во среда 26 април 2023 година, Папата, поздравувајќи ги италијанските верници, уште еднаш поттикна на молитва за измачената Украина.
Обраќајќи им се на полските верници, тој потсети дека за неколку дена во Калиш, во народното светилиште Свети Јосиф, ќе се слави Денот на мачеништвото на полското свештенство за време на Втората светска војна, а истовремено изрази надеж дека сведоштвото на полските маченици ќе ги вдахнови свештениците, луѓето посветени на Бога, како и лаиците, посебно младите, за храброст и великодушност во служењето на Бога и на браќата.
Ватикан њуз/к.мк